Chevrolet ја претстави кабриолет изведбата од новиот Corvette Zo6 пред нејзиното дебитирање на овогодишниот автомобилски саем во Њу Јорк.
Овој модел располага со истиот 6.2-литарски V8 агрегат кој потпомогнат од компресор развива 625 коњски сили и 860 Nm вртежен момент. Тој може да се добие со седум-степен мануелен менувач или осум-степена автоматска трансмисија.
Уште една сличност со купе верзијата и разлика во однос на неговите конкуренти е тоа што автомобилот не добил зајакнувања на структурата одкако му е одземен неговиот покрив. Тоа се покажало како непотребно бидејќи неговата алуминиумската каросерија е за 20 проценти покрута од претходниот модел, а благодарение на тоа и масата на кабриолетот останала речиси идентична со онаа на купе изведбата.
Неговиот електричен мек покрив се преклопува и од и надвор од автомобилот, на копче од клучот. Оваа команда може да се изврши до брзини од 50 км/ч. За стишување на звукот при големи брзини во кабината е додадена звучна изолација и заден стаклен прозорец.