Официјално: Новата Corvette Z06 со преку 625 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новата Corvette Z06 со преку 625 коњски сили!

Луѓето од Chevrolet не сакаат да ги објават сите детали, но најавуваат дена новата Corvette Z06 ќе има преку 625 коњски сили благодарение на 6.2 литарски компресорски V8 мотор!

Конечно – ова е тоа. Новата Corvette Z06 со 6.2-литарски компресорски V8 кој ја носи ознаката LT4 и ќе нуди преку 625 коњски сили и преку 860 Nm вртежен момент! Перформансите не се објавени сеуште, но можеме да замислиме дека ќе бидат застрашувачки! Сета таа моќ ќе се пренесува кон задните тркала преку мануелен или автоматски менувач – одлуката останува на купувачот! Доколку се одлучат за мануелниот менувач, купувачите ќе добијат 7 степени на пренос, додека автоматскиот ќе нуди 8 степени на пренос.

corvette-z06-rear

За да може ефикасно да ја пренесе целата оваа сила на асфалтот, но и да остане стабилна и управлива, новата Z06 е поширока, и тоа 56 милиметри на предната осовина и 80 милиметри на задната. Купувачите ќе можат да одберат меѓу три пакети – Z06, Z06 Carbon Fiber и Z07. Со последниот пакет Corvette ќе има повеќе поттисна сила од било кој досегашен продукт на Chevrolet. Интересен детал е фактот дека заради зголемената ширина на автомобилот, задните светла кај Z06 се 3 инчи, односно околу 7.6 сантиметри поодалечени едно од друго во однос на обичната Corvette Stingray.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.