Porsche 911 Targa – за оние кои го сакаат најдоброто од двата светови! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Targa – за оние кои го сакаат најдоброто од двата светови!

Не можете да се одлучите дали сакате Porsche 911 со цврст покрив или кабриолет? Тука е моделот Targa,  наменет токму за вас!

Новата 911 Targa е очигледно потсетување на легендарната 911 Targa од сега веќе далечната 1965-та година. Новиот модел има сличен кров кој може лесно да се отстрани, за возачот и совозачот да можат да уживаат во отвореното небо.

1965-porsche-911-targa

911 Targa ќе се нуди во две варијанти, но и обете ќе дојдат опремени со систем за погон на сите четири тркала. Ќе биде достапна Targa 4 со 3.4-литарски 6-цилиндерски боксер мотор кој испорачува 350 коњски сили. Оваа варијанта забрзува до 100 километри на час за 4.8 секунди и има максимална брзина од 282 километри на час. Помоќната, Targa 4S ќе има 3.8 литарски боксер кој ќе испорачува 400 коњски сили  благодарение на кои ќе забрзува до 100 километри на час за 4.4 секунди и ќе продолжи да забрзува сè до 296 километри на час.

porsche-911-targa-blue-side

Новата варијанта на 911 ќе започне да се продава во Мај оваа година, а почетната цена за 911 Targa 4 во Германија ќе биде 109.338 Евра, додека Targa 4S ќе чини од 124.094 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.