Peugeot го разоткри четири-вратниот купе концепт Exalt – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го разоткри четири-вратниот купе концепт Exalt

Францускиот бренд успеа да создаде импресивна форма со нивниот нов Exalt концепт, кој ќе дебитира на саемот за автомобили во Пекинг.

Exalt се протега во должина од 4.7 метри и е висок само 1.31 метар, а неговата маса не надминува 1,700 килограми. Моделот претставува четири-вратно купе со издолжен поклопец на моторот, набабрени странични крила и двобојна каросерија. Три четвртини од каросеријата е гол метал, додека задниот дел е обложен со „змиска кожа“ – текстил кој според Peugeot ја погобрува аеродинамиката на возилото и ја намалува потрошувачката на гориво.

Ентериерот се одликува со материјали од природна волна и дрво, како и дигитален инструмент панел, кој се состои од два преклопувачки екрани на допир. Тука се и седишта со изразени странични потпори, мал волан со зарамнети страни и украсни резби на дрвените елементи на средната конзола и панелите од вратите.Peugeot-Exalt-51

Концептот е замислен да биде погонуван од хибриден погон со вкупно 340 коњски сили. 1.6-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензински THP агрегат со 270кс (вграден во RCZ R) ќе ги погонува предните, додека електричниот мотор од 50 киловати ќе ги врти задните тркала.

Peugeot Exalt Concept ќе и биде прикажан на јавноста на 20-ти Април на автомобилскиот саем во Пекинг.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.