BMW CS Vintage – Концепт од кој застанува здивот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW CS Vintage – Концепт од кој застанува здивот!

Од време на време се појавува концепт од кој навистина остануваме без зборови – а дизајнот за реинтерпретација на легендарниот Е9 на BMW изработен од дизајнерот David Obendorfer е токму таков автомобил!

Навистина ни е тешко да одбереме зборови со кои ќе го опишеме овој концепт – едноставно, најдобро е самите да погледнете. Дизајнот на Obendorfer истовремено изгледа модерно, но и им оддава почит на постарите модели кои BMW толку гордо ги чува во својата архива – а особено легендарниот Е9. Според дизајнерот, платформата на која би можел да биде изграден овој автомобил е оној кој ја потковува моменталната Серија 6 од Баварија.

Ајде BMW, сторете го тоа! Вратете се на убавите дизајни – гледате дека може!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.