Како изгледа системот за задно управување на Porsche 911 GT3? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Како изгледа системот за задно управување на Porsche 911 GT3?

Првиот сериски произведен Porsche 911 со систем за активно задно управување е токму моделот GT3 – погледнете како тоа навистина изгледа!

При брзини до 50 километри на час, предните и задните тркала се вртат во спротивна насока едни од други, а тоа му овозможува на автомобилот побрзо и поагилно да влегува во свиоци. На повисоки брзини тркалата се вртат во идентична насока, а тоа му овозможува на автомобилот постабилно да совладува долги свиоци. Актуаторите поставени на задните оски им дозволуваат на задните тркала вртење до 1.5 степени.

Колку за потсетување, Porsche 911 GT3 има 3.8-литарски боксер мотор кој испорачува 475 коњски сили и 438 Nm вртежен момент – доволно да забрза до 100 километри на час за 3.5 секунди и да постигне максимална брзина од 315 километри на час!

Моделот GT3 неодамна привлече негативно внимание заради неколкуте примероци од овој автомобил кои се запалија. Од Porsche веќе најавија дека е идентификуван проблемот и дека се работи на решение за останатите автомобили, но не објавија што точно е причината за опожарените автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.