F1 болидот на McLaren-Mercedes има монструозни 900 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

F1 болидот на McLaren-Mercedes има монструозни 900 коњски сили!

Новите V6 турбо мотори на Mercedes-Benz кои се користат во Formula 1 по сè изгледа имаат повеќе моќ од оноа што се веруваше!

Шефот на тимот – Niki Lauda – пред трката во Мелбурн изјави дека основната моќност на моторите на Mercedes-Benz е „0колу 580 коњски сили“. Кога на тоа ќе се додадат дополнителните 160 коњски сили од ERS системот, тогаш доаѓаме до вкупната бројка од околу 740 коњски сили.

Но сепак, со оглед на перформансите на болидите на McLaren-Mercedes минатиот викенд, почнаа да „протекуваат“ информации за вистинската моќност на нивните болиди. Според Германскиот магазин Bild, конкурентите веруваат дека болидите на McLaren-Mercedes уживаат во значително поголема моќност – можеби и до 900 коњски сили!

Кон вистинитоста на овие гласини придонесуваат и важни луѓе од другите тимови – меѓу кои и Др. Helmut Marko од тимот на Red Bull кој убедено изјави дека „со сигурност моторот нуди повеќе моќност од тоа што тие (McLaren-Mercedes) го кажуваат.“ Според него, Mercedes нема никакви проблеми со моторот и имаат повеќе од доволно сила – и тие можат да возат стратешки-испланирана трка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.