Formula 1 – Daniel Ricciardo дисквалификуван во Мелбурн! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 1 – Daniel Ricciardo дисквалификуван во Мелбурн!

Поради нерегуларности со протокот на гориво во неговиот болид, Daniel Ricciardo беше дисквалификуван во Мелбурн и го изгуби неговиот финиш на подиумот.

Возачот на Red Bull – Daniel Ricciardo – беше дисквалификуван откако беа идентификувани нерегуларности во неговиот систем за гориво, односно поголема потрошувачка на гориво од максимално пропишаната. Австралијанецот заврши на второто место во Мелбурн, но беше дисквалификуван откако стјуардите забележаа дека неговиот болид систем за довод на гориво го надминал лимитот од 100 литри на час. Стјуардите изјавија дека неговиот болид „конзистентно го надминувал лимитот.“

Како што и очекуваме, тимот на Red Bull ќе поднесе жалба. Со дисквалификацијата на Ricciardo, Kevin Magnussen од McLaren оди место погоре на пиедесталот, додека третото место му припадна на Jenson Button. Тимот на Red Bull ги обвинува сензорите за мерењена протокот  на горивото како причинител за проблемите, и изјавија дека нивниот болид работел во рамките на правилата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.