full screen background image
Search

Formula 1 – ГН Австралија: Mercedes се наметнува како главен фаворит уште од самиот старт

Нико Розберг од тимот на Mercedes е победник на премиерната трка од новата сезона, со која што започнува новата турбо ера во Formula 1. На подиумот до Розберг се најдоа новиот возач на Red Bull, Даниел Рикијардо и новајлијата од Mclaren, Кевин Магнусен.

Германецот Нико Розберг доминантно ја отвори новата сезона во најбрзиот спорт и со тоа покажа дека Mercedes навистина напорно работеле и се фаворити кога станува збор за титулата. Можеби е премногу рано да се зборува за фаворити, но Розберг ја разби конкуренцијата, а тимовите придвижувани од моторите на Mercedes делуваа навистина брзо.

Иако Розберг ја уништи забавата и не гледавме неизвесна борба за победа како што и се очекуваше после толкави промени во поглед на правилата и придвижувањетно на болидите, сепак тука беа одличните Даниел Рикиардо и пред се Кевин Магнусен, кој успеа да се искачи на подиумот на својата дебитанска трка. Мора да го споменеме и Валтери Ботас од тимот на Williams, кој стартуваше од 15-та позиција и покрај дупнатата гума и принудна посета на механичарите, со импресивно возење успеа да стигне до 6-та позиција.

Најголемо разочарување денеска беше акутелниот и четирикратен светски шампион, Себастиан Фетел. Тој се откажа од трката уште во 4-от круг, а еден круг порано тоа го направи и Луис Хамилтон. Пилотите на Ferrari, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен трката ја завршија на 5-та, односно 8-та позиција, но загрижувачки беа перформансите на нивните болиди, бидејќи не делуваа конкурентно и силно за време на трката

Следната трка е за две седмици на патеката Сепанг во Малезија, а нам ни останува да се понадеваме дека на денешната трка многу од тимовите влегоа вниматеално и тактизираа со цел да можат да видат како ќе се однесуваат тотално новите болиди за време на трка.

Поврзано:   Ф1 Монца: 1-2 победа за McLaren! Кој го очекуваше тоа?

Резултати ГН Австралија:

1. N.Rosberg	 	Mercedes
2. D.Ricciardo	 	Red Bull-Renault
3. K. Magnussen 	McLaren-Mercedes
4. J.Button 		McLaren-Mercedes
5. F.Alonso 		Ferrari
6. V.Bottas 		Williams-Mercedes
7. N. Hulkenberg 	Force India-Mercedes
8. K.Raikkonen 		Ferrari
9. J.Vergne 		Toro Rosso-Renault
10. D.Kvyat 		Toro Rosso-Renault
11. S.Perez 		Force India-Mercedes
12. A.Sutil 		Sauber-Ferrari
13. E.Gutierrez	 	Sauber-Ferrari
14. M.Chilton 		Marussia-Ferrari
Отк. J. Bianchi		Marussia-Ferrari
Отк. P.Maldonado	Lotus-Renault
Отк. M.Ericsson		Caterham-Renault
Отк. S.Vettel		Red Bull-Renault
Отк. L.Hamilton		Mercedes
Отк. F.Massa		Williams-Mercedes
Отк. K.Kobayashi	Caterham-Renault


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.