Новите C-Class и GLA на Mercedes-Benz претставени во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите C-Class и GLA на Mercedes-Benz претставени во Македонија!

Пред само неколку минути, и само неколку дена по официјалната премиера во Женева, новите C-Class и GLA на Mercedes-Benz и официјално презентирани пред Македонската јавност!

Новите модели на Mercedes-Benz беа навистина на соодветен начин прикажани пред Македонските автомобилски новинари, но и потенцијалните купувачи. Високо опремени, и во бисерно-бела боја, обата модели навистина го привлекуваат вниманието.

merc-c-class-gla

Mercedes-Benz GLA е автомобил за кој во неколку наврати пишувавме. Урбаниот кросовер-SUV изведен врз основата на A-Class е прв модел на Mercedes-Benz во оваа категорија и навистина нема простор за грешка. Сличен на A-Class, но истовремено и многу различен, GLA претставува концепт за модерен урбан кросовер кој треба да ги привлече купувачите кон еден нов вид и стил на Mercedes-Benz.

merc-gla

Истовремено, новата C-Class е моделот кај кој Mercedes-Benz навистина не смее да ризикува. Поголем, помодерен и со значително подобра внатрешност од претходниот модел, новата C-Class е квантен скок напред, како во дизајнот, така и во технологијата. За прв пат во оваа класа ќе се нуди воздушна суспензија, но новата C-Class носи уште многу значителни новитети.

merc-c-class

Цените на GLA започнуваат од 29.590 евра за бензинскиот GLA 200, односно 32.480 за дизелскиот GLA 200 CDI. Цените за новата C-Class почнуваат од 33.558 евра за бензинскиот C180, односно 38.675 евра за дизелскиот C220 BlueTEC.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.