Opel Adam S – Џебна ракета од Риселхајм! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Adam S – Џебна ракета од Риселхајм!

Opel ја претстави најмоќната верзија на малиот Adam – благодарение на 1.4-литарскиот Turbo Ecotec бензинец, сега Adam S може да се пофали со 150 коњски сили!

Малиот Adam S ќе биде официјално претставен во Женева, но ние веќе ги имаме најважните информации – 1.4-литарски турбо бензинец кој испорачува 150 коњски сили и 220 Nm вртежен момент. За сопирањето се задолжени сопирачки од OPC, а како и досега, купувачите ќе можат екстензивно да го персонализираат својот Adam.

Opel не ги објавува точните перформанси на Adam S, но кажуваат дека максималната брзина е 220 километри на час. Моторот ги задоволува Euro 6 стандардите за чистота и емисија на штетни гасови, а автомобилот ветува спортско управување благодарение на адаптираната суспензија и големите 18-инчни алуминиумски фелни зад кои се кријат 16-инчни дискови напред и 15-инчни позади кои ги гризат шепи офарбани во црвена боја.

Adam S ќе биде официјално претставен во Женева, а ние мислиме дека е токму тоа што недостасуваше во понудата на Adam.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.