Volkswagen e-Golf – Целосно електричен Golf со автономија од 190 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen e-Golf – Целосно електричен Golf со автономија од 190 километри!

Volkswagen најавува дека официјално започнува продажбата на новиот електричен Golf, кој ќе се вика e-Golf и според Германците ќе може да помине до 190 километри со едно полнење.

Најголемиот проблем кај електричните возила е нивната автономија, односно колку километри можат да поминат со едно полнење. Автономијата од 190 километри не е најголемата на пазарот – Tesla Model S има автономија од скоро 430 километри – но сепак тука се зборува за секојдневно и прилично евтино возило. Цената на e-Golf ќе започнува од 34.900 евра во Германија.

Интересно е дека Volkswagen дава гаранција од 8 години или 160.000 километри на батеријата. Електричниот мотор нуди 115 коњски сили и максимален вртежен момент од 270 Nm кој е достапен веднаш. Според официјалните податоци, e-Golf постигнува 60 километри на час за 4.2 секунди, а 100 километри на час за 10.4 секунди. Во зависност од стилот на возење, автономијата е помеѓу 130 и 160 километри.

Der neue Volkswagen e-Golf

e-Golf ќе го препознаете по уникатниот бодикит, како и задните LED светлосни групи. Ако ја земеме во предвид цената на електрична енергија во Германија, 100 километри со e-Golf ќе ве чинат само 3.28 евра, односно нешто над 200 денари. Бидејќи e-Golf троши 12.7 kWh на 100 километри, согласно моменталните цени и трошоци за електрична енергија во Македонија, 100 километри би чинеле само 80 денари, односно 38.8 40 денари доколку го полните вашиот автомобил на „евтина струја“ – односно, како моменталното возило да ви троши 0.6 литри бензин на 100 километри!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.