Новата Skoda Octavia Scout покрај практичноста и квалитетот, на купувачите ќе им понуди и погон на сите четири тркала за оние моменти кога сакаат да го напуштат асфалтот!
Според Dr. Frank Welsch, одговорен за технички развој во Skoda, новата Octavia Scout е „навистина паметен теренец на секој начин – име кое треба да се заслужи во Skoda.“ Новиот модел е паметен и логичен, и им нуди на купувачите уникатен пакет кој содржи теренски изглед, импресивни карактеристики на сите четири тркала, многу простор и модерна безбедност, комфор и моторни технологии – изјави Welsch, и додаде дека новата Octavia Scout поставува нови стандарди во сегментот на кросовер возила.
Новата Octavia Scout е базирана на Octavia Combi, но се издвојува со пластичните заштитни панели како и дополнителните теренски додатоци. Растојанието од подлогата е зголемено за 33 милиметри во однос на стандардната Octavia, а 17-инчни тркала ќе бидат стандардно во понудата. Ентериерот се издвојува по трокракиот управувач кој е направен ексклузивно за Octavia Scout.
Haldex-5 спојката ќе обезбеди теренски способности. Според Skoda, тракцијата на Octavia Scout е подобрена за 25% во однос на претходниот модел. Благодарение на пострмните агли на пристапување, теренските способности се дополнително подобрени. Ќе се нуди со два дизели и еден бензински мотори, кои се 20% поекономични во однос на претходникот.