Прва фотографија од новата S-Class Coupe на Mercedes-Benz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија од новата S-Class Coupe на Mercedes-Benz!

Како што веќе знаеме, CL-класата на Mercedes-Benz сега ќе се нарекува S-Class Coupe, а ние ви ја пренесуваме првата официјална фотографија од новото мега-купе!

Интересна е карактеристичната долга линија на ова големо купе, кое секако е пренесена и во новата генерација. Штом се појави оваа фотографија, наскоро очекуваме повеќе, а можеби и официјална премиера на моделот. Во меѓувреме, ни останува само да чекаме Mercedes-Benz да ни открие повеќе како за моделот, така и за моторите кои ќе го придвижуваат, но и за супер-моќните AMG верзии кои со сигурност ќе го земат првото место на подиумот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.