Пристигнува освежената Opel Meriva! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигнува освежената Opel Meriva!

Малиот моноволуменец на Opel го доби својот фејслифт, со кој покрај дискретното затегнување на брчките, Meriva ќе добие и нов 1.6-литарски турбодизел!

Подобрена, поефикасна, поатрактивна и пофункционална од било кога – така Opel ја опишува освежената Meriva. Иако фејслифтот не носи драстични измени, сепак освежувањето е добредојдено. Оние со поостар вид ќе забележат дека новата маска на ладилникот е поширока и украсена со повеќе хром, воведени се нови предни и задни светла и уште некои ситници. Во внатрешноста е преуредена контролната табла и малку е изменет ентериерот, но измените не се драстични.

opel-meriva-facelift-side

Она што е навистина интересно е новиот 1.6-литарски CDTI турбодизел кој испорачува 136 коњски сили и 329 Nm вртежен моменто, а истовремено троши само 4.4 литри дизел гориво на 100 изминати километри а емисијата на штетни гасови е само 116 грама CO2 на изминат километар. Opel подготвува уште една верзија на овој мотор – и тоа со 109 коњски сили – која ќе троши само 3.8 литри гориво и ќе има  емисија од само 99 грама CO2 на изминат километар.

Сите мотори со кои се нуди освежената Meriva го задоволуваат ЕУРО 6 стандардот, а ќе може да се нарача и со преработен автоматски менувач кај кој триењата се намалени, а со тоа и потрошувачката. Не се очекува драстична промена на ценитe – цените на Meriva во моментов во Македонија започнуваат од 14.500 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.