Утринска Гимнастика: Mercedes-Benz A45 AMG на Дакар? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Mercedes-Benz A45 AMG на Дакар?

Сте се запрашале ли некогаш колку спортските компакти се способни надвор од асфалтираните патишта? Во ова видео ќе го дознаете тоа.

Најмалиот модел на AMG носи 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо бензинец, поврзан со седум-степена трансмисија со двојна спојка и погон на сите четири тркала. Неговата прилепеност до подлогата ни дава чувство дека тешко би се снашол на терен налик на оној од Рели Дакар, но се чини како тој да е создаден за возење низ пустински предели со песочни дини. Автомобилот изгледа како навистина да се забавува!

Погледнете и уверете се самите во тоа!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.