Само неколку дена пред неговата премиера во Детроит, протекоа првите официјални фотографии од новиот Crossover Concept на Audi!
Сега за сега, немаме никакви официјални информации ниту за погонот, ниту за технологијата врз која е изграден овој модел. Сепак, можеме да забележиме неколку интересни детали од овие фотографии – она што веднаш се забележува е Shooting Brake формата, но повеќе од јасно е дека овој концепт прв пат јавно покажува некои детали кои ќе ги видиме на следното TT. Предниот и задниот дел се особено „криви“ за издавањето на тајната.
Она што е интересно е дека концептот носи Allroad име на задната страна, што значи дека сепак се работи за „теренец“ и најверојатно е со погон на сите четири тркала. Понатаму, можеме да ги забележиме и e-tron значките, што сугерира дека автомобилот е со некаков хибриден погон. Исклучуваме целосно-електрична варијанта заради задните издувни цевки кои издаваат некаков мотор со внатрешно согорување.
Колку за потсетување, ова не е прв пат Audi да најави TT со Shooting Brake концепт. Во 2005-тата година Audi ја најави втората генерација на Audi TT токму со Shooting Brake изведба.
Наскоро ќе знаеме повеќе!