Subaru се подготвува за активна спортска година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru се подготвува за активна спортска година!

Јапонскиот производител годинава ќе учествува на повеќе спортски настани, меѓу кои и легендарниот 24-часа на Nürburgring.

Ова ќе биде седми последователен пат како Subaru учествува на 24-часовната трка на Nürburgring, и како и секој пат, и сега возилото со кое ќе учествуваат ќе биде специјално подготвено за оваа трка – но овој пат ќе учествуваат со новото Subaru WRX STI. Subaru ќе се стреми кон трета победа  во својата категорија, но покрај тоа се надеваат дека ќе извлечат уште повеќе знаење и експертиза за својот инженерски тим.

Покрај Nürburgring, Subaru ќе се натпреварува и во SUPER GT серијата, каде оваа година ќе се појават со подобрена верзија на нивиот Subaru BRZ GT300. Годинава исто така ќе ја продолжат својата поддршка за возачите во WRC2 и European Rally Championship (ERC).



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.