Jaguar XJ220 секогаш имал посебно место во нашите срца – но кога една вкусно „дотерана“ изведба потекнува токму од нашето соседство, со задоволство обрнуваме внимание!
Overdrive е тјунерска куќа од соседна Бугарија која работи на навистина интересни и уникатни автомобили, а вистинскиот скапоцен во нивното портфолио е токму овој уникатен Jaguar XJ220. Ова е 98-миот од вкупно 275 автомобили кои ги произведе Jaguar и може да се пофали со многу уникатни детали, започнувајќи од „камелеонската“ боја, па се до големите (19-инчни напред и 20-инчни позади) фелни изработени од ADV.1, задните светлосни структури позајмени од Ferrari 599 GTB, одличниот аудио уред како и издувниот систем изработен од експертите од Akrapovic.
И внатрешноста е соодветно дотерана и освежена со нови детали од карбонски влакна, а поработено и е на моторот, но немаме официјални информации за точната бројка на коњи со која располага овој автомобил. Да, автомобилот се продава. Колку пари? Само 400.000 евра!