Утринска Гимнастика: Тајно тест возење на Lamborghini Huracan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Тајно тест возење на Lamborghini Huracan

Италијанците го прикажаа наследникот на Gallardo во ново промотивно видео со возбудливо и атрактивно возење.

Видеото прикажува двајца ентузијасти кои го крадат новиот Huracan за тест возење околу фабриката на Lamborghini во Сант Агата Болоњезе. Она што нас најмногу ни го привлече вниманието е неговиот погон на сите тркала, кој изгледа како да ја испраќа силата првенствено кон задната оска, што не беше случај кај Gallardo.

Погледнете го видеото и уживајте во звуците и пламените кои ги произведува 5.2-литарскиот V10 атмосферец!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.