Gemballa ќе им понуди на своите купувачи дополнително да го персонализираат нивниот McLaren P1 со нивните GForged-one ковани тркала!
Според Gemballa, McLaren P1 и GForged-one имаат многу повеќе заедничко покрај бројката во нивното име – и двата се светски водечки брендови во своите класи. Новите тркала се за еден „број“ поголеми од фабричките – McLaren поставува 19-инчни тркала напред и 20-инчни тркала назад, додека тркалата на Gemballa се 20-инчни напред и 21-инчни позади. Купувачите ќе можат да изберат меѓу четири различни комбинации на површинска обработка.
Тркалата се изработени во истата „Дизајнирана од Воздухот“ филозофија со која е изработен и McLaren P1, и според луѓето од Gemballa совршено го отсликуваат карактерот на овој ексклузивен автомобил. Ние некако не сме баш убедени.