Hyundai i10 ја освои AutoBest наградата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai i10 ја освои AutoBest наградата!

Најмалиот член на семејството на Hyundai ја освои престижната титула AutoBest 2014!

Во тесната трка со останатите финалисти, Hyundai i10 успеа да освои 854 бода, со кои за само 4 бода го престигна францускиот кросовер Peugeot 2008. Најмалата разлика во 13-годишната историја на специјализираното жири е резултат на спротивставувањето на два различни концепта – оној на i10, кој е добро проверен и од купувачите прифатен, како и трендовскиот и авангарден кросоверски пристап на 2008. И двата со свои силни аргументи и практично без слаби страни, на жирито составени од реномирани автомобилски новинари од 15 земји од источно и централноевропските пазарите во експанзија им беше да проценат што им е побитно на 300-те милиони купувачи од земјите од кои доаѓаат – Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина и, секако, Македонија.

На третото место со 726 бода се пласираше Nissan Note, Chevrolet Trax со освоените 694 бода беше четврти, додека 476-те освоени бода на малиот Space Star на Mitsubishi беа доволни само за петтата позиција. При одлучувањето, членовите на жирито се раководеа според 13 утврдени критериуми, секој од нив со одреден број на бодови во согласност со неговото значење за финалната оценка. Најголемо влијание, со 50 бода, има цената, која, во согласност со куповната моќ на пазарите од кои доаѓаат членовите на второто најголемо независно автомобилско жири во Европа, не смее да биде над 16.000 евра. Организираноста на дистрибутивната и сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови, потрошувачката, прилагодливоста и останатите практични особености на возилата носат 20 бода, а меѓу останатите критериуми, дизајнот на екстериерот и ентериерот, кој е сé поважен за купувачите ширум Европа, е највлијателен со 40 бода. Секако, своја тежина имаат и новите технологии, управливоста, динамичноста, еколошката прифатливост…

Поврзано:  ТЕСТ: Hyundai Ioniq 6 77.4 kWh AWD Ultimate - Бескомпромисно различен

Од останатите признанија од годинешната едиција на AutoBest, CompanyBest отиде во рацете на германскиот VDA, SafetyBest кај Nissan за Safety Shield системот на новиот Note, TechnoBest кај Porsche за брилијантната Active Rear Wheel Steering технологија, прв пат имплементирана во новиот Porsche 911 Turbo, а со SportBest признанието се закити украинскиот Ferrari тркачки тим. Добитниците на признанијата ManBest (Др. Ралф Шпет, Jaguar Land Rover), DesignBest (Иан Калам, Jaguar), EcoBest (Fiat CNG програмата) и SmartBest (Chevrolet MyLink) беа објавени непосредно после салонот на автомобилите во Франкфурт. Свеченоста на која ќе бидат доделени наградите ќе се одржи на почетокот на наредната година во Варшава.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.