full screen background image
Search

DS 5LS – Новиот луксузен компактен седан на Citroën

Ова е новиот седан на францускиот Citroën и при лансирањето ќе се продава само на азискиот пазар, а купувачите ќе можат да изберат помеѓу три бензински мотори.

DS-гамата на Citroën – а воедно и самиот бренд – го доби својот знаменосец, барем за Азија. Меѓу првите во светот, со задоволство ви го претставуваме Citroën DS 5LS. Продажбата ќе започне во Април следната година и на почетокот ќе се продава само во Кина, но не е исклучено продажбата да се рашири и на другите пазари.

Долг 4.7 метри, 5LS е луксузен седан кој е направен врз истата платформа на која е направен и DS4, и е наменет да биде конкурент на Audi A3 седан на Кинескиот пазар. Новиот изглед го најавува и новиот дизајнерски правец на DS-автомобилите – особено предната маска за која дизајнерите на Citroën изјавуваат дека инспирацијата е влечена од оригиналниот DS од далечната 1955-та година. Од Citroën изјавуваат и дека многу внимание е посветено на ентериерот, каде ќе се користат дрво, метал и кожа.

На почетокот ќе се нудат три бензински мотори – VTi бензинец со 135 коњски сили, како и два THP турбо-бензинци со 165, односно 200 коњски сили. Следната година треба да биде лансиран и DS SUV автомобил кој ќе биде базиран на Wild Rubis концептот од пред неколку месеци, а планиран е и вистински знаменосец базиран на Numero 9 концептот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.