B&B го „набилда“ Volkswagen Polo WRC Street на 362 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

B&B го „набилда“ Volkswagen Polo WRC Street на 362 кс

По повод враќањето на Volkswagen во WRC, тјунерската куќа B&B разви пакет за масивно зголемување на силата кај Polo WRC Street.

Ограничената верзија Polo R WRC, доаѓа во стандардно издание со 217 кс и 349 Nm кои ги црпи од неговиот 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински мотор. Тоа е навистина висока бројка за таков мал автомобил, но B&B мислеле дека би било подобро да извлечат уште повеќе сила од џебната ракета.

По цена од 7,950 евра, тие нудат зголемување на силата и вртежниот момент на 362 кс и 510 Nm. Значајното подобрување на перформансите е постигнато со инсталација на нова пумпа за гориво со висок притисок, модифицирање на системот за довод на воздух, специјален спортски издувен систем, ново водно ладење, интеркулер и уште неколку модификации на моторот.

7323144862069280399

Благодарение на бројните надградби, автомобилот може да постигне забррзување од 0-100 км/ч за 5.2 секунди, што го прави 1.2 секунди побрз од стандардната верзија. Забрзувањето од 0-200 км/ч трае 17.1 секунда, во споредба со стандардниот модел на кого му се потребни 24.2 секунди. Максималната брзина е зголемена од 243 км/ч на 270 км/ч.

Покрај покачувањето на силата, за подобар контакт со подлогата, Германското мало чудовиште добива прилагодливи амортизери со спортски пружини, стабилизатори и систем за сопирање со високи перформанси и четири клипни клешти. Автомобилот вози на суперлесни 18-инчни алуминиумски фелни обвиени во пневматици со профил 225/35 R18.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.