Покрај најсилната Nismo изведба, Nissan го прикажа и обновениот модел на GT-R за 2014 година, на автомобилскиот саем во Токио.
Новиот модел изгледа речиси идентично со сегашниот модел, но донесува серија подобрувања кои му даваат покомфортно возење, поголема префинетост и полуксузен ентериер. Малите измени на екстериерот се однесуваат на светлосни групи со нова LED технологија, изменети задни светла со светлечки прстени и нова црвена перла боја. Nissan исто така нуди и опционален карбонски заден спојлер, кој тежи половина од стандардниот.
![2014-Nissan-GT-R-JDM-spec-11[3]](https://www.carclub.mk/wp-content/uploads/2013/11/2014-Nissan-GT-R-JDM-spec-113.jpg)
Во внатрешноста, новиот модел доаѓа со избор од три шеми на бои, вклучувајќи и опција за детали од слонова коска. Воланот добива кожна обвивка, додека кожните седишта се одликуваат со украсни шевови. Буката во кабината е намалена, благодарение на подобрената изолација.
Суспензијата е исто така прилагодена да овозможи подобра стабилност и попостојана тракција. Моделот е опремен со подобри системи за сопирање и управување, како и нови Dunlop SP Sport Maxx GT 600 DSST CTT пневматици кои ветуваат извонредни перформанси цо сите услови.
























