Porsche конечно го претстави помалиот SUV – новиот Macan! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche конечно го претстави помалиот SUV – новиот Macan!

Помладиот и помал брат на големиот Cayenne ќе се нуди со два бензински и еден дизел мотор кои ќе нудат меѓу 258 и 400 коњски сили!

Новиот Macan го следи дизајнерскиот јазик кој веќе добро го знаеме од Cayenne, но истовремено нам ни изгледа попропорционално и попривлечно од поголемиот член на фамилијата. Според Porsche, Macan е индонезискиот збор за Тигар, а нам името ни звучи сосем оправдано – Macan изгледа како да е подготвен да нападне во било кој момент. Во тоа му помагаат и компактните надворешни димензии кои го сместуваат Macan цврсто во сегментот на компактни SUV возила – тој е долг 4680 милиметри, широк 1920 милиметри и висок 1620 милиметри.

Како што веќе напоменавме, ќе се нудат три мотори. Боите на дизелите ќе ги брани веќе познатиот 3.0-литарски TDI на Volkswagen групацијата кој се нуди и во Cayenne и нуди 258 коњски сили. Опремен со дизел мотор, Macan S Diesel ќе забрзува до 100 километри на час за 6.3 секунди (или 6.1, ако го изберете Sport Chrono пакетот) и ќе троши просечно помеѓу 6.1 и 6.3 литри на 100 изминати километри.

Во понудата на бензинците ќе се најдат два модели. Вовед во бензинците е Macan S кој ќе биде опремен со 3-литарски V6 битурбо-бензинец кој испорачува 340 коњски сили. Со овој мотор Macan S забрзува до 100 километри на час 5.4 секунди (или 5.2 секунди со Sport Chrono пакетот), а потрошувачката ќе биде помеѓу 8.7 и 9 литри на 100 километри. На врвот во понудата е Macan Turbo кој ќе доаѓа со 3.6-литарски битурбо V6 бензинец кој испорачува 400 коњски сили. Со овој мотор Macan се катапултира до 100 километри на час за 4.8 секунди (или 4.6 секунди со Sport Chrono пакетот) и забрзува се до максимални 266 километри на час. За овој модел Porsche најавува потрошувачка помеѓу 8.9 и 9.2 литри на 100 изминати километри.

Macan S

Macan ќе се нуди стандардно со Porsche Doppelkuplung менувачот (DSG за оние кои не ги знаат акронимите и термините на Porsche) и ќе ја пренесува силата кон сите четири тркала благодарение на најновата верзија на Porsche Traction Management. Секако, тука се и системите за стабилност, дистрибуција на силата на кочење, а со опционалниот систем за воздушна суспензија, Macan може да го зголеми растојанието од подлогата за само 40 милиметри со едно едноставно притискање на копче. Стандардно, во понудата ќе доаѓа и Porsche Active Suspension Management (PASM) системот кој дозволува возачот да избере помеѓу Comfort, Sport и Sport Plus режими на работење.

Поврзано:   Имате малку време од еден до друг авионски лет? Porsche ќе ве префрли со 911 GT3 RS!

Во Германија Macan S и Macan S Diesel ќе се нудат по цена од 57.930 евра, додека Macan Turbo ќе се продава по цена од 79.826 евра. Испораките ќе започнат на 5ти Април следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.