Времето често ни приредува несакани ситуации и пречки во извршувањето на секојдневните обврски и задоволства, а токму тоа го искористиле Audi за прикажување на нивните способности.
Промотивното видео наречено „The Audi Land of quattro“ го прикажува нивниот систем за погон на сите тркала како се бори против најразличните сурови времиња. Покрај очигледните предности на quattro погонот, тука е прикажано и зошто погонот на сите тркала е супериорен во споредба со останатите форми на транспорт. Примерите вклучуваат пешачење со кучиња, одење на високи потпетици и возење на велосипед.
Сепак, ова само ја прави рекламата подобра и ние ве покануваме да го притиснете копчето „play“ и да уживате во краткото видео!