Red Bull ја прослави титулата со „крофни“ на хелипадот на Бурџ Ал Араб – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Red Bull ја прослави титулата со „крофни“ на хелипадот на Бурџ Ал Араб

Само неколку дена откако ги приграбија возачката и конструкторската титула во F1, Infiniti Red Bull Racing беа на врвот од познатиот хотел Бурџ Ал Араб во Дубаи.

На крајот од последната трка во Индија, Фетел ја прослави неговата нова титула со „чадени крофни“ на патеката, а сега истата атракција ја направи пензионираниот F1 возач Дејвид Култхард на врвот од еден од најпознатите хотели во Дубаи. Исто така, автомобилот кој тие го користеа не беше вистинскиот, туку тоа беше нивниот изложбен модел.

Сепак, иако не е спонтана како онаа на Фетел, ова е интересна акробација за која требале да го подигнат болидот високо во небото. Погледнете и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.