Vath го засили новиот Mercedes-Benz CLA 250 на 265 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vath го засили новиот Mercedes-Benz CLA 250 на 265 кс

Германскиот тјунер нуди пакет на перформанси кои ќе ја пополнат огромната празнина од 210 и 360 кс помеѓу CLA 250 и CLA 45 AMG.

Понудата на Vath содржи две стази на тјунинг, од кои првата ја репрограмира компјутерската единица да испорачува 245 кс и 390 Nm вртежен момент по цена од 940 евра. Второто решение додава поинаков компјутер, спортски издувен систем и воздушен филтер за да ја зголеми силата на 265 кс и 420 Nm, за значително повисока цена од 4,950 евра. CLA моделот со 265 кс забрзува од 0-100 км/ч за 5.9 секунди и достигнува максимална брзина од 250 км/ч.

Покрај пакетите за зголемување на перформансите, Vath нуди пониска спортска суспензија, 20-инчни алуминиумски фелни, карбонски преден сплитер, заден спојлер и неколку додатоци за ентериерот како спортски волан и изменети мерачи на инструмент таблата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.