Официјално: Новото луксузно, спортско купе – Lexus RC! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новото луксузно, спортско купе – Lexus RC!

Луксузниот огранок на јапонскиот гигант Toyota официјално го најави новото премиум спортско купе кое ќе ја носи ознаката RC.

По неколкуте најави, во форма на LF-LC и LF-CC концептите, Lexus конечно официјално го најави RC, односно спортското купе кое иако на прв поглед изгледа како да е само купе верзија на луксузниот IS спортски седан, сепак е независен модел со сопствен идентитет. Забележливи се многу уникатни детали како на надворешноста, така и во внатрешноста, а ова е прв модел на Lexus каде внатрешното осветлување е насочено нагоре, наместо надолу.

lexus-rc-rear

Премиерата ќе биде на Токиското мотор-шоу, но веќе знаеме дека Lexus ќе прикаже две верзии – RC300 и RC300h Hybrid. Првиот, RC300 ќе користи 3.5-литарски V6 бензински мотор, додека хибридната верзија ќе користи 2.5-литарски V6 во комбинација со електромотор. RC ќе биде долг 4693 милиметри, широк 1838 милиметри а висок 1394 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2730 милиметри – односно, совршени пропорции за едно спортско купе!

Веќе слободно можеме да претпоставиме дека ќе има и IS-F спортска верзија, а се шпекулира дека оваа верзија би била придвижувана од 5-литарски V8 бензинец кој би испорачувал околу 450 коњски сили. Повеќе информации за новиот RC ќе имаме наскоро, кога моделот ќе го има своето официјално деби.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.