Ова утро го започнуваме со новото Lamborghini Gallardo LP 570-4 Squadra Corse и неговите перформанси на тркачката патека.
Дали ние сме единствените што мислат дека Lamborghini почнува малку да претерува со ознаките на своите автомобили? Lamborghini Gallardo е сосема во ред. Lamborghini Gallardo LP 570-4 Squadra Corse е нешто што само луѓето кои работат во фабриката и оние кои имаат по 10-тина од овие возила ќе го запомнат.
Но сепак, не е тоа толку важно – погледнете го ова Gallardo како ужива таму каде што припаѓа – на тркачката патека!