Премиера Toyota Hybrid-R Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера Toyota Hybrid-R Concept

Toyota ги објави сите информации за концептот Yaris Hybrid-R, само неколку дена пред неговото јавно дебитирање.

Концептниот автомобил ја комбинира идејата позади серискиот автомобил Yaris Hybrid со технологија со високи перформанси инспирирана од тркачкиот болид на Toyota од Ле Ман 24. Резултатот е уникатна комбинација, компактен и многу моќен автомобил!

Yaris Hybrd-R е базиран на три-вратната изведба, а доаѓа со 1.6-литарски четири-цилиндарски бензински агрегат кој испорачува 300 кс и 420 Nm вртежен момент кон предните тркала, додека секое од задните тркала ги погонува електричен мотор од 60 кс. Двата електрични мотори имаат комбинирана максимална сила од 120 кс достапна до пет секунди во Track режимот. Во текот на овие пет секунди, концептот има максимална испорака на сила од 420 кс.

9341993601795650297

Тука е и трет електричен мотор со 60 кс сместен помеѓу погонската единица и шест-степениот секвенцијален менувач. Тој работи при забавување за да го храни супер кондензаторот и при забрзување за да ги погонува двата задни електрични мотори, но само кога силата на моторот ќе ја надмине тракцијата на предните тркала. Со други зборови, генераторот има улога на систем за контрола на тракцијата, кој испраќа вртежен момент кон задната оска.

Toyota Yaris Hybrid-R е поставена на 18-инчни алуминиумски TRD фелни обвиени во Michelin Pilot Sport Cup пневматици со профил 225/40 R18. Неговата сила за сопирање доаѓа од вдлабнати и перфорирани дискови со шест клипни клешти на предните и четири клипни клешти на задните тркала.

3440221701567176135

Ентериерот е опремен со двобојни кожни Recaro седишта во вид на кади и спортски педали преземени од GT86. Палката од менувачот е позиционирана поблиску до раката на возачот, додека спортскиот волан е обвиен со алкантара.

Покрај претходно споменатиот режим Track, со притискање на копче сместено на воланот, возачот може да одбере Road режим, кој управува со силата за да ги намали потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови.

Поврзано:  ТЕСТ: Toyota C-HR 1.8 Hybrid E-CVT 2WD Cult - Очекуваниот избор


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.