Jaguar ќе го претстави C-X17 концептот во Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar ќе го претстави C-X17 концептот во Франкфурт!

Британскиот производител со индиски газди најавува концепт за Франкфурт кој би требало да ја претставува „иновативната иднина на брендот.“

Според она што можеме да го видиме од најавната фотографија, се работи за SUV или кросовер со пет врати, со агресивно исфрлени крила и спортски карактер во духот на Jaguar.

Jaguar сеуште не објавува никакви технички спецификации, но кажуваат дека концептот ќе користи „крајно-модерна модуларна алуминиумска структура“. Исто така, сугерираат дека концептот ги „потенцира сите различни видови на возила кои би можеле да се направат со оваа архитектура.“ Тоа значи дека би требало да се користи Premium Lightweight Architecture (PLA) платформата која би била основа за најпристапните седан и кросовер возила на Jaguar.

Сите детали за C-X17 ќе бидат објавени на 9ти Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.