Утринска Гимнастика: Како се прави моторот за Nissan GTR? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Како се прави моторот за Nissan GTR?

Сигурно веќе знаете дека секој мотор за Nissan GTR се склопува рачно – но дали сте знаеле дека од сите вработени на Nissan, само четворица ја имаат таа привилегија да работат на овие монструозни мотори?

Процесот за производство на секој мотор започнува во стерилна просторија во фабриката на Nissan со овие четворица „главни производители“ кои имаат заедничко искуство подолго од сто години. Благодарение на тоа искуство,Izumi Shioya, Nobumitsu Gozu, Tsunemi Oyama и Takumi Kurosawa можат да склопат еден мотор од 374 различни компоненти за околу 6 часа. Откако моторот ќе биде комплетиран и ќе биде завршена инспекцијата, човекот кој го склопил моторот гордо го става своето име на него, на значка која истовремено е Ветување за Квалитет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.