full screen background image
Search

Lamborghini го претстави Gallardo LP 570-4 Squadra Corse

Lamborghini ја претстави досега најбрзата верзија, која е исто така и последната што ќе го носи името Gallardo, пред да го објави неговиот наследник.

Името Squadra Corse потекнува од неодамна создадената тркачка дивизија на Lamborghini, а инспирацијата за неговите перформанси и естетски додатоци е тркачкиот автомобил Lamborghini Gallardo Super Trofeo. Сепак, за разлика од него, Squadra Corse е автомобил кој може легално да се вози и надвор од тркачките патеки.

Lamborghini-Gallardo-LP-570-4-Squadra-Corse_02-w

Моделот е погонуван од истиот V10 агрегат од тркачкиот автомобил кој развива 570 кс при 8000 вртежи во минута. Благодарение на шест-степениот роботизиран менувач постигнува забрзување од 0-100 км/ч за 3.4 секунди, 0-200 км/ч за 10.4 секунди и максимална брзина од 320 км/ч.

Задниот карбонски спојлер е исто така преземен директно од тркачкиот автомобил, и се вели дека создава три пати поголема потисна сила од оној на Gallardo LP 560-4. Со користење на многу елементи од јаглеродни влакна и други мерки за намалување на тежината, Scuadra Corse тежи 1340 кг, што е за 70 кг помалку од стандардното Gallardo.

Lamborghini-Gallardo-LP-570-4-Squadra-Corse_03-w

Зелено-бело-црвената линија која се протега по неговите страни е уште еден стилски елемент кој ги истакнува неговите тркачки квалитети. Автомобилот се нуди во жолта, бела, сива и црвена боја. Во внатрешноста доминираат карбонски детали и површини од алкантара, додека тркачките седишта, рачната сопирачка и централната конзола се исто така направени од јаглеродни влакна.

Наследникот на Lamborghini Gallardo се очекува да биде претставен во 2014, а ќе ги дели клучните компоненти со замената на сегашниот Audi R8, која ќе пристигне во 2015.

Поврзано:   Наследникот на Lamborghini Aventador ќе има целосно нов V12 агрегат


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.