full screen background image
Search

Новиот Seat Leon Cupra R ќе има 300 коњски сили?

Почнуваат да се шират гласини за најмоќната верзија на најновата генерација Seat Leon – се шпекулира дека најмоќниот Leon повторно ќе ја носи ознаката Cupra R и дека овој пат ќе се може да се пофали со дури 300 коњски сили!

Шпанскиот огранок на Volkswagen групацијата активно работи на нови продукти кои сака колку што е можно повеќе да ги доближи до купувачите – а секако сигурен начин да се зголеми популарноста на еден бренд е да се направат спортски верзии на автомобилите.

Seat веќе нуди FR верзија на новиот Leon, а неизбежна е и Cupra верзијата која наскоро би требало да ја видиме барем како концепт – но она што обожувателите на Seat највеќе ги интересира е токму Cupra R верзијата која веќе традиционално се наоѓа на самиот врв на понудата. Втората генерација на Leon можеше да се пофали со Cupra R верзија која испорачуваше 265 коњски сили, а за новата, трета генерација се шпекулира дека Seat ќе оди еден чекор понатаму и ќе понуди навистина моќен автомобил.

Што значи тоа? Според некои добро инфорирани извори, новиот Leon Cupra R повторно ќе се нуди со 2-литарски турбо-бензински мотор, кој овој пат ќе испорачува 300 коњски сили. За полесно пренесување на моќта врз асфалтот ќе се нуди со погон на сите четири тркала, а за перформансите да бидат што е можно подобри, за преносот ќе биде задолжен веќе добро познатиот DSG менувач. Се очекува Leon Cupra R да може да забрза до 100 километри на час за околу 5 секунди, а максималната брзина да изнесува над 250 километри на час.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Cupra UrbanRebel Concept е визија за урбан спортски електричен автомобил!

Визуелно, Cupra R ќе се издвојува по уникатниот бодикит, големите тркала и сопирачки, како и нов заден браник низ кој ќе излегуваат четири завршетоци на издувниот систем. Амбициозно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.