Утринска Гимнастика: Smart ForTwo створен за во урбаната средина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Smart ForTwo створен за во урбаната средина

Smart објави нова реклама за малиот ForTwo, која на брилијантен начин ја прикажува неговата намена и неговите (не)способности.

ForTwo е градски мини автомобил со место само за двајца, без багажен простор и мала стабилност при големи брзини, што го прави речиси неспособен надвор од урбаната средина. Smart го знае ова и не се труди да го сокрие, туку на комичен начин го прикажува малиот двосед како тврдоглаво заглавува при секоја можна најмала препрека.

Сепак, во потрагата по паркинг место во градската средина ForTwo е далеку поспособен од огромниот Chevrolet Tahoe, од каде што го извлекуваме генијалниот заклучот “Подеднакво добар на терен како теренец во градот”.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.