Дали е ова новата Honda Jazz? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали е ова новата Honda Jazz?

Најмалиот модел на Honda кој се продава на Европскиот пазар е токму Jazz – кој на некои пазари го носи името Fit. Дали на овие фотографии од брошура го гледаме токму новиот Jazz?

Honda Jazz сеуште е еден од најинтересните модели во сегментот – максималната практичност, одличната просторност како и квалитетот се покажуваат како атрибути кои ги привлекуваат купувачите. Сепак, моменталниот Jazz се продава веќе неколку години и е подготвен за замена. На овие фотографии (односно, скенирани фотографии) можеме да го видиме новиот Jazz (или Fit, како што се продава во Јапонија и САД). Првите фотографии изгледаат ветувачки, но ние ќе се воздржиме од коментар додека да видиме официјални податоци и фотографии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.