Nissan потврди дека работи на теренец базиран на Dacia Duster кој ќе го носи името Terrano! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan потврди дека работи на теренец базиран на Dacia Duster кој ќе го носи името Terrano!

Јапонскиот огранок на Renault-Nissan алијансата потврди дека работи на мал SUV базиран на Dacia Duster, кој ќе биде наменет примарно за индискиот пазар.

Објавената скица највува дека Nissan ќе ја измени маската на Duster, но и дека ќе поработи на страничните линии. Нема никакви информации за промени во ентериерот, но Nissan го најавува Terrano како „премиум SUV“, па соодветно на тоа, сигурно и цената ќе биде повисока од онаа на Duster. Автомобилот ќе се произведува во Oragadam фабриката, каде веќе се произведуваат неколку модели на Nissan.

Kenichiro Yomura – претседателот на Nissan India – изјави задоволство што ги објавува името и првата скица од новиот Terrano, и изјави дека е убеден во успехот кој овој модел ќе го има, но и дека ќе им се допадне на купувачите во Индија. Сега за сега, нема најави дали Terrano би се продавал надвор од индискиот пазар, ниту пак никави информации за погонските единици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.