Skoda Octavia RS – Најбрзата Octavia досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda Octavia RS – Најбрзата Octavia досега!

Skoda конечно ги објави официјалните податоци за најмоќната изведба на новата Octavia, која очекувано ќе ја носи ознаката RS.

Новата Octavia RS ќе се нуди во две изведби – бензинска и дизелска. Дизелската изведба ќе ја носи ознаката RS TDI и ќе доаѓа со веќе познатиот 2-литарски турбодизелски агрегат на Volkswagen кој испорачува 184 коњски сили. Благодарение на овој мотор, RS TDI ќе забрзува до 100 километри на час за 8.1 секунди, а максималната брзина ќе биде 232 километри на час.

skonda-octavia-rs-back-side

Поинтересната, бензинска изведба ќе се вика едноставно Octavia RS и ќе се нуди со 2-литарски турбо-бензински агрегат кој нуди 220 коњски сили. Со овој мотор, Octavia RS ќе може да забрза до 100 километри на час за само 6.8 секунди, а максималната брзина изнесува 248 километри на час!

Во споредба со втората генерација на Octavia RS, новата нуди повеќе моќност, но и до 19% поголема економичност. Старт-Стоп системот, како и системот за регенерација на енергија од кочењето се нудат во стандардната опрема, а покрај мануелниот менувач, ќе се нуди и DSG менувач со двојна спојка и кај двете верзии. Во стандардната опрема се вбројува и XDS електронскиот диференцијал.

skoda-octavia-combi-rs

Она што е навистина интересно е тоа дека новата Octavia RS ќе се нуди и како Octavia Combi RS, односно караванска изведба. Со ова покрај спортскиот дух, Octavia ќе може да понуди и максимална практичност. Skoda ја највува новата Octavia RS како одлична комбинација од спортски карактер, просторност и функционалност – а ние многу лесно можеме да разбереме зошто е тоа така.

Поврзано:  Спортска елеганција - новиот Skoda Superb добива Sportline пакет


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.