Нов Ford Escort претставен во Шангај – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов Ford Escort претставен во Шангај

Ford ја оживеа назнаката Escort со нов концепт прикажан на автомобилскиот саем во Шангај.

Новиот Escort Concept е визија за нов компактен седан кој ќе биде продаван само во Кина. Неговиот дизајн потсеќа на помала верзија од претстојниот Mondeo, со препознатливата хромирана решетка во стил на Астон Мартин. Концептот е украсен со светлосни групи во LED технологија, кои сигурно нема да се наоѓаат и на сериската верзија.

Најверојатно Ford ја оживува назнаката Escort само за Кинескиот пазар бидејќи таму името сеуште има звучност – постари модели на Escort редовно се појавуваат на аукции, а и неретко се увезуваат класичните модели. Сепак, со оглед на историјата која ја има Escort во Европа, но и моменталниот тренд на популарност на компактни и евтини седани, воопшто нема да бидеме изненадени ако Ford реши да го понуди Escort и на овдешниот пазар



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.