Први фотографии од Volkswagen CrossBlue Coupe Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од Volkswagen CrossBlue Coupe Concept!

Протекоа првите фотографии од новиот CrossBlue Coupe Concept на Volkswagen, неколку дена пред неговата официјална премиера во Шангај.

Првата верзија на овој модел беше претставена уште пред неколку месеци и го носи името CrossBlue. Дали овие два модели ќе се произведуваат паралелно, или со CrossBlue Coupe Concept гледаме еволуција на првичниот дизајн, сеуште не знаеме.

Всушност, освен овие фотографии, немаме никакви информации околу концептот, неговата моторизација и неговиот потенцијал за сериско производство. Во секој случај, неговата премиера е закажана за во Шангај, а наскоро ги очекуваме и официјалните информации од Volkswagen.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.