Volkswagen CrossBlue Concept – Урбан теренец со напредна технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen CrossBlue Concept – Урбан теренец со напредна технологија

На саемот во Детроит Volkswagen го прикажа CrossBlue концептот за урбан теренец, кој би требало да биде поставен помеѓу Tiguan и Touareg.

Она што е изненадувачки е дека CrossBlue е развиен за Северноамериканскиот и Канадскиот пазар, но тоа не значи дека некогаш не би се продавал и во Европа. Во секој случај, концептот е долг 4986 милиметри, широк 2014 милиметри а висок 1732 милиметри. Од тие димензии можеме да заклучиме дека CrossBlue е позициониран помеѓу Tiguan и луксузниот Touareg.

Под „кожата“ на CrossBlue се крие технолошки-напредната платформа. Автомобилот е придвижуван од 2-литарски TDI турбодизел агрегат кој испорачува 190 коњски сили. Но покрај овој мотор, во игра се уште два електромотори – еден поставен однапред со моќност од 54 коњски сили, и еден поставен на задната страна со моќност од 114 коњски сили. Кумулативната моќност на CrossBlue е 305 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, забрзувањето до 100 километри на час трае 7.9 секунди а максималната брзина е 204 километри на час.

Доколку работи исклучиво во електричен режим, CrossBlue може да помине до 23 километри и да постигне максимална брзина до 121 километар на час.

Во моментов CrossBlue нуди шест седишта поставени во три редови, но доколку оди во сериско производство средниот ред би имал три седишта а со тоа вкупно би имало седум места за седење. Секако, кај серискиот модел би се нуделе и обични бензински и дизелски агрегати, покрај хибридната комбинација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.