Се појавија првите фотографии од Lamborghini Aventador LP720-6 50 Anniversario Edition, само неколку дена пред неговото дебитирање на саемот во Шангај.
Оваа специјална верзија се одликува со аеродинамичен бодикит кој се состои од нов преден сплитер и вентилирачки заден дел со огромен дифузер. Што се однесува до внатрешноста, можеме само да заклучиме дека е опремена со материјали во две бои.
Силата најверојатно ќе доаѓа од истиот 6.5-литарски V12, но засилен за 20 кс, на конечни 720 кс. Ова би требало да му овозможи на моделот забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 2.9 секунди, како и максимална брзина од над 350 км/ч.
Производството се очекува да биде ограничено на 100 примероци, но цената останува мистерија.