McLaren P1 на F1 патеката во Bahrain! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren P1 на F1 патеката во Bahrain!

McLaren ги завршува подготовките за следната трка во F1 шампионатот, но во меѓувреме ја искористи патеката во Bahrain за да направи нови промотивни фотографии од P1!

Веќе добро ги знаеме сите детали за автомобилот кој ќе чини повеќе од еден милион евра – 916 коњски сили, 900 Nm вртежен момент, забрзување до стотка за помалку од 3 секунди и максимална брзина повисока од 350 километри на час!

Tоа никако нема да нè спречи да уживаме во новите фотографии кои денес ви ги пренесуваме во резолуција поголема од вообичаената, за да можете да ги искористите како позадина за вашиот десктоп!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.