Најпопуларното комерцијално возило на Volkswagen оваа година слави 25 години од своето постоење.
Да започнеме со малку историја околу Volkswagen California. California за прв пат беше претставена во 1980-та година како првиот кампер-ван на VW. Првата генерација на California била базирана на T3 платформата, а потоа доаѓаат T4 и T5 генерациите на California кои го продолжуваат големиот успех на овој модел. VW California во овие 25 години забележува продажба од повеќе од 100,000 примероци.
Инспирацијата за California, VW ја зема од Westfalia CamperVan, кои во тоа време не биле достапни за еден просечен купувач. Благодарение на иновативниот покрив кој се отвора, California станува голем хит кај кампинг ентузијастите.
Еден од најинтересните факти за овој модел е тоа што иако го носи името California, овој модел досега никогаш не бил продаван во САД.