Bugatti објави дека Veyron Grand Sport Vitesse официјално стана најбрзиот сериски спортски автомобил со отворен кров во светот.
Иако Bugatti објави максимална брзина од 375 км/ч кога го претстави Vitesse, изгледа дека тие неможеле да одолеат на предизвикот да ја поминат границата од 400 км/ч. Возен од Кинескиот професионален возач Антони Лиу, Veyron Grand Sport Vitesse постигнал брзина од 408.84 км/ч, доволно за Германската организација за техничка инспекција и сертификација (TÜV) да го означи како најбрз сериски спортски автомобил со отворен кров. Рекордот бил поставен на Volkswagen-овата тест патека Ера Лесин во Германија.
Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse ја црпи својата сила од 8.0-литарски W16 агрегат кој развива 1,200 кс и 1,500 Nm вртежен момент, помеѓу 3,000 и 5,000 вртежи во минута.
За да го одбележи достигнувањето, Bugatti ќе произведе ограничена серија од само 8 примероци, наречена World Record Car (WRC). Секој автомобил ќе се одликува со двобојна каросерија, во црна и портокалова боја – истите бои како кај возилото со кое беше постигнат рекордот. Секој примерок ќе чини 1.99 милиони евра без данок, а ограничената серија ќе биде официјално претставена на автомобилскиот саем во Шангај.