Новата Toyota RAV4 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Toyota RAV4 пристигна во Македонија!

Импортерот на Тојота – Тојота Автоцентар – денес гордо ни ја прикажа најновата генерација на урбаниот теренец, а Македонската промоција беше првата во Европа!

Само две седмици по промоцијата на новиот Auris, во Македонија денес беше промовирана и новата генерација на SUV моделот на Toyota кој се покажува како навистина успешен автомобил – новиот RAV4. Новиот RAV4 може да се пофали со нов и модерен дизајн, зголемена просторност, но и одлични мотори. Според луѓето од Toyota, големи напори се вложени во овој модел, кој се очекува да ги оправда овие вложувања и да го задржи статусот и реномето на модел кој се има продадено во повеќе од 4.5 милиони примероци.

Новата генерација RAV4 е значително поголема од својот претходник, а во неа ќе се вградуваат три мотори. Еден бензински агрегат со зафатнина од 2 литри и моќност од 150 коњски сили, и два дизелски агрегат – еден 2-литарски со моќност од 124 коњски сили  и 2.2 D4-D со 150 коњски сили. Кај сите мотори е остварено намалување на емисијата на штетни гасови, во просек за 12%.

Цените започнуваат од 26.990 евра за дволитарскиот бензинец со основно ниво на опрема и се искачуваат до 37.990 евра за 2.2-литарскиот дизел со погон на сите четири тркала и највисокото ниво на опрема.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.