Утринска Гимнастика: Неочекуван трол со Volkswagen Beetle Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Неочекуван трол со Volkswagen Beetle Convertible

Volkswagen секогаш изненадува со одлични идеи кои ги применува во промотивните реклами за нивните возила. Ова е уште еден доказ за нивната огромна креативност.

Легендарната Трололо песна конечно се најде во реклама, а ние не можеме да бидеме посреќни. Авторот на песната Едуард Кхил сакаше да пее народна музика за големата слобода, но властите не се согласија со текстот и тој одлучи да ја пее само мелодијата – и така Трололо песната се роди!

Баш таква песна одговара за автомобил кој ви дозволува да уживате во слободата под отворено небо – Volkswagen Beetle Convertible. Овој кабриолет располага со најновата Германска технологија, но исто така го има стилот и забавното управување како оригиналот! Да не ви ја уништиме забавата и да ви откриеме за што точно се работи во видеото, погледнете самите!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.