Bugatti Gangloff Concept – Суперавтомобил од иднината со ретро елементи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti Gangloff Concept – Суперавтомобил од иднината со ретро елементи

Pawel Czyzewski ја создаде дизајнерската студија Bugatti Gangloff Concept, инспирирана од единствениот 1938 Type 57 SC Atlantic Coupe.

Дизајнот исто така позајмува елементи од сегашниот Veyron и пробува да предвиди суперавтомобил кој го враќа назад периодот на ексклузивни и рачно изработени автомобили. Ентериерот изгледа како уметничко дело и претставува далеку поспортска и футуристичка верзија на внатрешноста на сегашниот Bugatti Veyron.

Надворешноста на Bugatti Gangloff се одликува со мускулести странични крила на кои се наоѓаат отворите за довод на воздух во традиционалната форма на сечила, како и класично стилизирани површини, усогласени со модерни LED светлосни групи. Својствен елемент од историјата на брендот е ‘рбетот кој се протега низ симетричната рамнина, од предниот до задниот знак преку поделениот заден прозорец – дизајнерска одлика преземена од легендардниот Type 57 SC Atlantic.

Pawel исто така експериментирал со различни шеми на бои за ентериерот и екстериерот – уште една типична дизајнерска одлика на класичните и модерните модели на Bugatti.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.